Шок за Мециновиќ по мечот во Автокоманда: Обиен неговиот автомобил, и ограбен (ФОТО)

Вистински шок го очекуваше еден од најдобрите фудбалери на Скопје, Јасмин Мециновиќ по денешниот натпревар од 8. коло против Брегалница во Првата македонска фудбалска лига.

Веднаш по средбата, дефанзивецот на Скопје беше информиран дека за време на натпреварот е обиен неговиот автомобил покрај стадионот „Железарница“ во Автокоманда.

По првичната констатација очигледна беше дека е скршена стаклото од вратата на возачкото место, а дополнително, по известувањето на полицијата, ќе биде утврдено дали е нешто и украдено од автомобилот на Мециновиќ.

Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница претходно заврши без победник, 0-0.

Се вчитува...