Ракометарите на Монпелје беа непријатно изненадени на гостувањето против Ним (25-24), во второто коло од францускиот шампионат, меч што беше увертира за поранешниот европски првак за мечот со Вардар.
Во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка, но кога Монпелје во 53. минута поведе со 21-24 се чинеше дека поранешниот европски првак ќе стигне до очекуваните бодови. Тогаш дојде до огромен пад во играта на фаворитот, кој во преостанатите седум минути не постигна ниту еден гол, а ракометарите на Ним го искористија тоа и со голем пресврт стигнаа до победата.
Шего беше одличен на голот со 15 одбрани, но во нападот потфрлија Симоне (3/7), Ричардсон (3/8) и Порт (3/9). Најефикасен во таборот на Монпелје при денешниот пораз беше Лен со четири погодоци.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар на програмата е в сабота со почеток во 17.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА