Голманот на Њукасл, Ник Поуп ќе биде надвор од терените од 4-5 месеци, пренесува „Телеграф“. 31-годишниот голман заработи тешка повреда на рамото на дербито против Манчестер Јунјатед во саботата, во натпреварот од 14. коло во Премиерлигата, кога домашниот тим победи со 1-0.
Поуп не го доврши мечот, и мораше предвреме да го напушти теренот. Неговото место ќе го заземе Мартин Дубравка, кој е резервен голман, додека трет е добропознатиот Лорис Кариус.
Од таборот на Њукасл не ја исклучуваат можноста за операција на голманот, а во јануарскиот преоден рок се споменува ангажман на нов голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА