Шок за Партизан: Најдобриот играч си замина од клубот

Партизан се соочува со огромен проблем пред завршницата од сезоната и финалето од Купот на Србија откако најдобриот фудбалер на „црно-белите“, Такума Асано реши да го напушти клубот.

Јапонскиот репрезентативец играше во одлична форма во изминатите месеци, но на крајот реши да си замине поради неисплатените плати за изминатиот период.

„Го раскинав договорот со Партизан. Бидејќи се мачев веќе извесно време, немав друг излез освен да донесам ваква одлука бидејќи чувствував дека клубот не ме почитува. Клубот константно не ми даваше плата, ниту пак ми ги покриваше останатите трошоци, исто како што не одговараше на моите барања проблемот да биде решен. Жалам што си заминувам под вакви околности и сакам да им се заблагодарам на сите тренери и соиграчи со кои што соработував и да им посакам многу среќа“,  истакна Асано.

Управата на Партизан експресно испрати соопштение во кое ги отфрли ваквите обвинувања од Јапонецот, најавувајќи тужба до УЕФА против Асано за прекршување на професионалниот договор што тој го имал со „црно-белите“.

 

Се вчитува...