Шок за САД: Штафетата на 4х100 метри без финале

Машката штафета на САД не успеа да се пласира во финалето на трката 4х100 метри, откако во квалификациите во својата група завршија дури на шестото место.

Интерено, имаа подобро време од третопласираната штафета на Јапонија која се натпреваруваше во втората квалификациска група, но поради правилата дека само првите три селекции од секоја група продолжуваат понатаму азиската штафета се најде во финалето.

Покрај Јапонците, во финалето се уште и Кина, Канада, Франција, Велика Британија, Германија и Гана.

Се вчитува...