Шокантен податок – Англија има само една победа во нокаут фаза на ЕП во последните 53 години

Фудбалската репрезентација на Англија во вторник на Вембли ќе ја пречека Германија во натпревар од осминафиналето на Европското првенство. Статистичарите извадија податок кој вели дека Англија во последните 53 години има само една победа во нокаут фазата на Европските првенства.

„Гордиот албион“ последен пат се радуваше на триумф во 1996 година кога беше домаќина на континенталниот шампионат каде во четвртфиналето по изведување на пенали ја совлада Шпанија, по што следеше испаѓање исто така на пенали од Германија во полуфинале.

Минатото првенство иако беа големи фаворити во осминафиналето ги елиминираше Исланд со 1-2.

Се вчитува...