Шокантен трансфер во најава: Едегард од Арсенал во Галата?

Галатасарај е на прагот да реализира уште еден шокантен трансфер по оној на Виктор Осимен од пред две години, овојпат со потпис на капитенот на Арсенал, Мартин Едегард.

Норвешкиот плејмејкер со години важеше за лидер на средниот ред на „топчиите“, но серијата повреди значително влијаеше врз неговата улога во редовите на англискиот првак. Микел Артета веќе не гледа на Норвежанецот како на незаменлив дел од тимот, а Галата ќе се обиде да ја искористи ситуацијата за да го доведе одличниот играч за врска во своите редови.

Турските медиуми тврдат дека Едегард веќе ги договорил личните услови и за тоа ги известил челниците на Арсенал, а во тек се преговорите меѓу клубовите. Галата се обидува да ја искористи историјата на повреди на Норвежанецот за да ја намали сумата, понудата на турскиот гигант ќе биде 40 милиони евра, па интересно ќе биде да се види дали „топчиите“ ќе се согласат на продажба на овој фудбалер за таа сума.

Доколку Едегард биде продаден, Артета парите од овој трансфер ќе ги насочи кон Бруно Гимараеш, за кого Њукасл бара отштета од 100 милиони евра.

Се вчитува...