Шокантна исповед на Рики Рубио: Не сакав да продолжам со животот, а не со кариерата

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се бореше со сериозни ментални проблеми. Минатата година се врати од НБА во Барселона, но не одигра ништо сериозно во дресот на „Каталонците“. 

Сè уште не е јасно дали ќе ја продолжи кариерата, а за време на гостувањето во емисијата „Lo de Evole“, тој отворено зборуваше за тешкотиите.

„Една ноќ бев во хотелска соба и едноставно не сакав повеќе да продолжам со животот, а не со кариерата. Имаше моменти кога се околу мене ми создаваше товар, кога мислев дека животот нема смисла. Кога размислувам за мојата кариера, не сум задоволен, никогаш не беше доволно. Не бев воодушевен кога ќе освоев некој трофеј, некоја награда, и велев дека е лажна, дека не ја заслужувам“, рече Рубил.

Во својата кариера овој шпански кошаркар играше за Јувентуд, Барселона, Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.

Се вчитува...