Шокантна понуда за Манчестер Јунајтед: ПСЖ го дава Ди Марија за Погба

Пари Сен Жермен сака да го добие Пол Погба, а во замена ги нуди Џулијан Дракслер и на општо изненадување, Анхел Ди Марија. Аргентинецот имаше неславна сезона на „Олд Трафорд“ и во 2015 си замина за Париз каде си ја врати краиерата во нормала освојувајќи четири последовни титули. Тој има исклучително лоша релација со поранешниот клуб, а даваше и категорични изјави дека не сака да го слуша ниту името – Манчестер Јунајтед.

Проблемот на Јунајтед со Пол Погба се провлекува во текот на целата оваа сезона со оглед на тоа дека тој поради повреди има многу малку настапи за клубот. Дополнително и пандемијата на коронавирусот која го запре фудбалот драстично ја намалува цената на играчите особено на ѕвездите правеа трансфери за вртоглави суми.

Франацускиот репрезентативец има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, а клубот ја има и можноста за активирање на клаузулата за уште една дополнителна сезона.

 

 

 

 

Се вчитува...