Шокантно признание на африканската ѕвезда – Лажев за годините, имав секс со сестра ми, мајка ми беше жртвувана во црна магија…

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Габон, Шиве Стар Н’Зигу, производ на прочуената академија на Нант, имаше предиспозиции да стана голема фудбалска ѕвезда, но не ги исполни големите очекувања. А, деновиве тој ја шокира јавноста со признанието дека има многу гревови во својот живот и во кариерата.

Своевремено, Н’Зигу како тинејџер се проби во првиот тим на Нант, заигра во Лигата на шампионите, а во историјата на афиканскиот фудбал се запиша на Афиканскиот Куп на нации во 2000 година. Тогаш 16-годишниот Н’Зигу или со уметничкото име Стар, стана вистинска ѕвезда, беше најмлад играч и стрелец во историјата на ова континентално првенство.

Но, неговата кариера наместо во нагорен пат, тргна надолу, па надежниот фудбалер со години играше во француските и белгиските нисколигаши.

Сепак, откако излезе неговото признание во јавноста, се покажа дека во времето кога спектакуларно се пробиваше во фудбалскиот свет, тој немал 16 години, туку пет повеќе бидејќи по доаѓањето во Франција од родната Тчибанга ја лажирал возраста за да биде поконкурентен во младинските категории.

Освен тоа, Н’Зигу откри дека неговата мајка била жртвувана во црна магија за тој да успее во фудбалот. Но, жртвата била залудна бидејќи Шива во тоа време наместо да му се посвети на фудбалот, блудничел со својата сестра, со тетка му и со пријателот.

Сето тоа поранешниот фудбалер го призна пред десетици сведоци во црка на обредот од кој снимката стана вирална.

Лажев дека имам пет години помалку отколку што имав навистина за да можам полесно да успеам во конкуренција со помладите. Како фудбалер потпишав многу вредни договори и така на семејството му донесов многу пари. Но, заедно со парите, во семејството влезе раздор. За да ги задржи сите пари за себе и да го испрати нејзиниот дух да бдее над мене за да успеам во фудбалот, татко ми ја жртвуваше мојата мајка во обред на црна магија…Во тоа време имав сексуални односи со својата тетка, со сестра ми и со близок пријател, после што влегов во долга врска со друг маж. Ве молам за прошка…“- побара 40-годишниот Шива Стар Н’Зигу кој на церемонијата објави и дека станал христијанин и сега се вика Исаија.

 

Се вчитува...