Шопоски е нов фудбалер на ГФК Охрид (ФОТО)

ГФК Охрид продолжува со засилувањата за следната сезона, а по продолжувањето за соработката со Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески и новите аквизиции Мурат Адили и Игор Клечкароски нов играч на охриѓани е и Сашо Шопоски.

Шопоски во Охрид доаѓа од редовите на Теткес, а дваесетичетири годишникот кој во минатото ги бранеше боите и на Брегалница, Пелистер, Победа, Тиквеш и Металург се очекува да биде големо засилување во амбиции на „рибарите“.

Се вчитува...