Шортс пред финалето во Еврокупот: За ова работевме цела сезона, да го оставиме срцето на терен

Македонската кошарка наскоро би можела да добие освојувач на Еврокупот откако натурализираниот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со својот Париз се пласираше во финалето од второто по ранг европско кошаркарско првенство.

Францускиот тим во големото финале ќе си ги одмери силите со Бург, а во пресрет првиот натпревар кој е закажан за во вторник со почеток од 20 часот и 30 минути, македонскиот репрезентативец го изведе своето мислење пред медиумите.

„Очигледно е дека ова е нешто на што работиме цела сезона, уште кога дојдовме на тренинг тука во месец август. Знаеме колку ова финале значи не само за нас како играчи, туку и за целиот клуб и мислам дека сите едвај чекаме да излеземе на терен утре и да го оставиме срцето на терен“, изјави Шортс.

Се вчитува...