Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Тел Авив.
Во четвртфиналната пресметка Ѓоковиќ славеше против Поспишил со 7-6 и 6-3, во меч со свое шоу во кое на моменти сериозно ја засмејуваше публиката.
Најпрво ги насмеа гледачите кога при крајот на вториот сет кога поведе со 5-3, погрешно бројеќи ги гемовите си тргна кон клупата, мислејќи дека треба да се променат страните. Но, судијата му сугерираше дека е рано за промена на страна. Публиката се смееше а со неа и Ѓоковиќ.
На крајот од мечот ги поздрави трибините а потоа неочекувано се упати кон едно момче кое во текот на целиот натпревар држеше транспарент: „Новак, може ли да го добијам твојот рекет?“. Ѓоковиќ приметувајќи го тоа, му донесе рекет а малиот навивачи не можеше да ги запре солзите-радосници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА