Шоу на Хари Кејн: Хет-трик за триумф на Тотенхем… (видео)

Тотенхем стигна до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Барнли во 19. коло од Премиер лигата благодарение на хет-трикот на Хари Кејн.

Офанзивецот на Тотенхем беше повеќе од расположен за игра, најавувајќи ја победата на својот тим со голот од пенал уште во 7. минута. Во второто полувреме, уште два пати стрелаше во мрежата на домашните за конечни 0-3.

По овој триумф Тотенхем со 34 бода се проби на делба на петтата позиција на табелата, а Барнли падна на седмото место со 32 бода.

Се вчитува...