Единсон Кавани имаше вистинско шоу 75 минути во осминафиналната пресметка на Уругвај против Португалија на Светското првенство во Русија.
Два феноменални гола сервираше Кавани за водство од 2-1 против Португалците, носејќи го Уругвај и тоа како блиску до четвртфиналето на Мундијалот 2018. Најпрво погоди уште во 7. минута за водство од 1-0, по асистенцијата од Суарез…
А, потоа во 62. минута, откако претходно израмни Пепе, со прекрасен шут од 16 метри донесе водство од 2-1…
Но, вистински пех ги снајде потоа Уругвајците кои до крајот на мечот мора да бидат без Кавани кој поради повреда ја напушти играта во 74. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА