Шоу на Лео Меси – Барса со „петарда“ за Валјадолид

Барселона се искачи на врвот на табелата на „Ла Лига“ откако каталонскиот гигант вечерва лесно и убедливо триумфираше со 5-1 над Валјадолид.

Ленгле го отвори резултатот во втората минута, гостите успеаја да израмнат, а потоа работите во свои раце ги презеде Лео Меси. Аргентинецот одлично му асистираше на Видал за ново водство на Барса, пред Меси да го крене на нозе „Камп ноу“ со еврогол од слободен удар, вкупно 50. погодок од ваква позиција за фудбалската мегаѕвезда.

Во второто полувреме повторно на сцена беше Меси, кој постигна еден гол и му асистираше на Суарез, за печат на убедливата победа. Тој имаше одлична можност да комплетира и хет-трик, но пропушти стопроцентна шанса во судиското продолжение.

 

Се вчитува...