Шоу на Пеп Гвардиола: Што е? Сега сум херој? Секогаш чекате мој пораз… (ВИДЕО)

Манчестер сити направи значаен чекор напред кон одбрана на титулата во Премиер лигата по победата од 1-0 против Тотенхем, само три дена откако лондонскиот клуб испадна во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Па, на прес-конференцијата по мечот Пеп Гвардиола си имаше свое шоу…

„Значи, сега сум генијалец затоа што го ставив Фил Фоден, тој постигна гол и победивме? Што е? Сега сум херој?“ – им се обрати Гвардиола на новинарите и продолжи…

„Колку е добар еден тренер? А кога го ставув Фабиан Делфи во Лондон тоа беше катастрофа? Така е тоа некако… Секогаш кога ќе загубиме ме прашувате дали ќе го сменам начинот на кој играме. Секогаш чекате еден пораз за да ми судите, постојано потенцирајќи ги оценките: ‘Еј Пеп, зарем уште веруваш во тоа што го работиш? Ќе го смениш ли конечно начинот на кој играш?’ Не оди тоа така“ – го заврши монологот пред медиумите Гвардиола кој деновиве е под жестоки критики по новиот неуспех во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...