Шоу на Стеф Кари на „Ол Стар“ – Леброн со кош во последните секунди донесе победа за тимот на Џејмс (ВИДЕО)

Тимот на Леброн триумфираше над составот на Дурент на „Ол-стар“ натпреварот во Кливленд, а оваа победа ја завери Леброн Џејмс со кош во последните секунди за вкупен резултат од 163-160.

Овој крајно неизвесен натпревар го одбележа Стеф Кари со 50 поени и дури 16 тројки. Во последниот дел излезе од игра поради повреда, но потоа на сцена стапија Адетокунбо и Леброн кои му донесоа триумф на својот тим. Стеф Кари ја понесе и титулата за најкорисен играч (МВП).

Никола Јокиќ не влезе во игра во последната четвртина, па тој и запиша само скромен учинок од 10 поени, девет скока и осум асистенции. Дончиќ постигна осум поени во победничкиот тим. Адетокунбо имаше 30, а победникот Леброн 24 поени. Во редовите на Дурент блескаше Џоел Ембид со 36 поени. Го следеа Букер со 20 и Ла Мело Бол со 18 поени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...