Шоу на Жиру на „Џузепе Меаца“ – Два гола за четири минути за пресврт во дербито! (ВИДЕО)

Шоу на Оливие Жиру во второто полувреме во градското дерби меѓу Интер и Милан. Откако домаќините поведоа со голот на Иван Перишиќ во првото полувреме, гостите успеаја да на крилата на неверојатниот Оливие Жиру успеаја во финишот да стигнат до целосен пресврт. Прво во 75. минута Французинот израмни на 1-1, а само четири минути подоцна постигна гол за целосен пресврт.

Доколку натпреварот заврши вака Милан ќе дојде на само бод негатива зад големиот ривал.

 

Се вчитува...