Шоуто на Андреј Маслинко против својот доскорешен клуб (ВИДЕО)

Андреј Маслинко имаше одлично деби во „зелено-белите“ бои на Пелистер предводејќи ги битолчани до првата победа во 2023 година. Интересно, тој за прв пат настапи за новиот клуб токму против доскорешниот, Гостивар, а го одигра мечот на сезоната.

Крилниот центар реализираше 21 поен со реализација 9/10 од поле, забележа и 7 скока, а додаде и две блокади против доскорешните соиграчи.

Се вчитува...