Шпанија обезбедува победа за 30 минути: Водство од три гола и уште толку шанси (ВИДЕО)

Шпанија во 31. минута води со 3-0 против Костарика, на која и се заканува катастрофа. Шпанците како вистинска „фурија“ тргнаа на Мундијалот, откако погодија три пати за само половина час.

Олмо во 11. минута го отвори резултатот, а во 21. минута Асенсио по одлична акција погоди за 2-0. Во 31. минута во листата на стрелците се запиша и Феран Торес кој погоди од белата точка.

Патем, покрај трите гола, Шпанија имаше уште три шанси да му нанесе целосна катастрофа на противникот.

Се вчитува...