Шпанија со Ансу Фати оди на „мегдан“ на Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија до 21 година, Луис де ла Фуенте го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2021 ќе се игра во Словенија и Унгарија. Предводник на репрезентацијата ќе биде големиот талент на Барселона Ансу Фати, додека во тимот ќе го нема фудбалерот на Динамо Загреб, Дани Олмо кој е прекомандуван во сениорскиот тим.

Се вчитува...