Шпанија тргна фуриозно: Три шанси и еден гол (ВИДЕО)

Дани Олмо во 11. минута од средбата носи водство за Шпанија во дуелот со Костарика. Шпанците делуваат многу моќно на оваа средба, и во првите 10 минути направија три стонастотни шанси, од кои реализираа во една.

Дани Олмо и Марко Асенсио имаа шанси, а потоа Олмо успеа да погоди во мрежата на Навас за предност на „фуријата“.

Шпанија досега делува моќно, и после поразот на Германија во првото коло, најсериозни кандидати за првото место на табелата во групата.

Се вчитува...