Шпанките со „камата“ им вратија на Србинките за поразот на ЕВРОБАСКЕТ

Женската кошаркарска репрезентација на Шпанија и се реваншираше на Србија за поразот на Европското првенство, откако во 2. коло од турнирот на игрите во Токио славеше со 85-70. Србинките подобро го отворија натпреварот и на полувреме заминаа со предност од 44-41.

Во третиот период Шпанките ја преземаа предноста, за во последните десет минути со „фуриозна“ игра да дојдат до конечен триумф од 85-70. Торенс со 25 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Јелена Брукс заврши со 16 поени.

Претходно денеска Канада ја совлада Јужна Кореја со 74-53.

Се вчитува...