Шпанска Ла Лига воведе нови мерки за клубовите поради коронавирусот

Челниците на шпанското фудбалско првенство усвоија нови правила за заштита од коронавирусот, откако се зголемува бројот на заразени со вирусот во Шпанија, пренесуваат тамошните медиуми.

Според новите правила, играчите и стручниот штаб ќе прават антигенски тест секој ден, пред тренинг или пред тимска спортска активност, а овие мерки ги вклучуваат и второлигашите.

Пред враќањето од божиќните празници, задолжително ќе биде да се направи ПЦР тест.

Регионалните власти ќе носат одлуки колку позитивните случаи ќе бидат во изолација. Покрај овие мерки, клубовите се советувани да избегнуваат задржување во соблекувалните и разни групни активности на затворено, и ако е можно да се прави во помали групи со дистанца. Играчите добија совети да се придружуваат на правилата, а туширањето после тренинг или натпревар ако е можно да биде дома.

Во минатиот период неколку играчи на Реал Мадрид и Атлетик Билбао добија позитивни тестови на коронавирус.

Се вчитува...