Шпанските медиуми рафално: Лука Јовиќ не е калибар за Реал Мадрид

Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, откако синоќа загуби на гостувањето кај Мајорка со 1-0. „Кралскиот“ тим настапи без неколку првотимци, а Зинедин Зидан им даде шанса на помладите фудбалери. Во навалната линија играше и српскиот интернационалец Лука Јовиќ, кој доби критики од шпанските медиуми.

Престижниот „АС“ наведува дека Јовиќ не успеа да упати ниту еден директен удар кон голот на противникот, ниту пак воопшто прифати топка во шеснаесетникот на Мајорка. Имал само 25 допири со топката во текот на натпреварот. Тој досега доби шанса да биде стартер на само два натпревари, но и не успева да ја заслужи довербата на Зинедин Зидан.

Лука Јовиќ дојде во Реал Мадрид за сума од 60 милиони евра.

Се вчитува...