Шпанците го урнаа рекордот во додавања на СП, но бадијала: Фудбалот се игра за да дадеш гол!

Шпанија беше светски првак пред осум години, но сега си заминува дома по осминафиналето. Домашната репрезентација на Русија за првпат во историјата славеше над „црвената фурија“ и оствари огромен успех, откако на пенали ја доби селекцијата на Шпанија. Не помогна ниту тоа што Шпанците реализираа рекордни 1.006 додавања во текот на мечот, најмногу во историјата на светските првенства. И покрај тоа, не успеаја да ја победат Русија, а по изведувањето на пеналите и со наведнати глави си заминуваат дома.

За споредба, Русите имаа само 191 прецизно додавање на осминафиналниот дуел, се бранеа во најголемиот тек од мечот, но резултатот ги оправдува средствата. Шпанците, пак, можеби треба да научат дека сепак фудбалот се игра за да дадеш гол, а не да си додаваш бескрајно во текот на целиот натпревар.

 

Се вчитува...