Шпанците објавија „бомба“: Барселона има „дил“ со Халанд

Релевантните шпански медиуми вечерва објавија дека Халанд наводно прифатил на крајот од сезоната да замине во Барселона. Ова е извесно ако се има во предвид дека Килијан Мбапе е блиску до трансфер во Реал. Во тој случај за Халанд би немало место во таборот на „кралевите“, па така двата гиганти ќе ги „поделат“ трансферите: Мбапе во Реал, Халанд во Барса.

Шпанците одат до таму што објавуваат дека Барса и Рајола веќе имале договор Халанд на крајот од сезоната да замине во Барса. Наводно Рајола му ветил на Лапорта дека Норвежанецот ќе дојде на „Ноу Камп“.

„Имааат големо пријателство откако преговараа за Ибрахимовиќ. Халанд сака да биде водач на победнички проект и така да избегне ситуација да биде заедно со Мбапе, така што веројатно Реал повеќе не е опција“, пишуваат медиумите.

„Марка“ тврди дека Лапорта на членовите на клубот веќе им соопштил дека го носи Халанд, иако официјално никој не сака да излезе со изјави, односно сите работи се одвиваат во тајност.

Се вчитува...