Шпанците откриваат: Меси ќе ја освои „Златната топка“

Лионел Меси е добитник на наградата „Златна топка“ за 2019 година, откриваат неколку шпански медиуми.

„Франс Фудбал“ добитникот на големото признание ќе го обелодени следниот понеделник, но во Шпанија тврдат дека на Меси веќе му било соопштено дека тој ќе ја добие „Златната топка“ пред големиот ривал Кристијано Роналдо и пред дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Според овие информации, веќе е закажано и Меси до крајот на оваа седмица да замине за Париз, на фотографирање со наградата.

Лионел Меси годинава веќе ја освои наградата „The Best” што ја доделува ФИФА, додека Вирџил ван Дајк беше избран за најдобар европски фудбалер во изборот на УЕФА за минатата сезона.

За Меси ова ќе биде шеста освоена „Златна топка“ во кариерата, откако веќе стигна до ова признание во 2009, 2010, 2011, 2012 и во 2015 година.

Се вчитува...