Шпанците полни шпекулации: Сега и Валенсија по потписот на Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во фокусот на вниманието на шпанските медиуми по извонредно одиграната сезона во дресот на Леванте.

Па, сосема очекувано, бројни се и шпекулациите околу неговата иднина. Дури пет клуба досега се спомнуваа како негова можна идна дестинација, секако со најголем фокус на лондонски Арсенал.

Но, покрај Арсенал, како и италијанската Фиорентина, шпанска Севилја, како и Лајпциг и Баер Леверкузен, сега шпанските медиуми пренесуваат дека и Валенсија силно атакува на потписот на Енис Барди. Трансферот во Валенсија не би претставувал никаква промена за Барди кој би останал во истиот град во Шпанија, поради што Шпанците наведуваат и дека е најреален.

Но, околу сето тоа се прашува и Леванте, кој согласно информациите нема да попушти за трансфер на Барди за сума помала од 25 милиони евра.

Се вчитува...