Репрезентацијата на Шпанија разочарувачки ги стартуваше квалификациите за СП 2022 откако „црвената фурија“ вечерва одигра само 1-1 на домашен терен против Грција. Алваро Мората погоди во првото полувреме и најави дека Шпанците ќе тргнат триумфално во овие квалификации, но се падна во вода по направениот пенал во вториот дел што Бакасетас го претвори во израмнувачки погодок.
Англија немаше проблеми да стигне до победа против тоталниот аутсајдер Сан Марино, на кого „гордиот албион“ му даде „само“ пет погодоци (5-0). Ворд Прауз со својот дебитантски репрезентативен гол ја најави победата, а по фудбалерот на Саутемптон меѓу стрелците се запишаа Калверт Луин (два гола), Стерлинг и Воткинс.
Италија рутински стигна до бодовите против Северна Ирска, славејќи на домашен терен со 2-0. Берарди го отвори резултатот, со што фудбалерот на Сасуоло стана првиот откако Манчини е селектор што дал гол на три меча во низа. Конечните 2-0 ги постави Имобиле.
Златан Ибрахимовиќ го имаше својот репрезентативен камбек и асистираше при единствениот гол со кој Шведска ја совлада Грузија, дело на Клаесон во првото полувреме.
Најефикасен беше дуелот меѓу Унгарија и Полска, на кој гостите со погодокот на Левандовски во 83. минута спасија бод во Будимпешта (3-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА