Шпанците шокирани: Ханси Флик го враќа Ракитиќ во Барселона

Шпанските медиуми се сериозни изненадени од најавите дека поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ би можел да се врати во Барселона каде помина добар дел од својата кариера. Иако сега во сосема друга улога, Шпанците се шокирани поради една таква одлука на новонајавениот тренер Ханси Флик.

„АС“ тврди дека Ракитиќ ќе биде прв асистент на новиот тренер, Ханси Флик. Причина за одлуката Хрватот да биде помошник е тоа што германскиот стручњак не знае шпански јазик, а Ракитиќ совршено зборува и германски и шпански. Како што пренесува „АС“, Флик размислувал и за Тијаго Алкантара, Марк Бартра и Хави Мартинез, но и тие и натаму планирале продолжување на играчките кариери.

37-годишниот Ракитиќ во моментов игра во саудискиот Ал Шабаб со кого има договор до јуни 2025, но наводно со задоволство ќе ја прифател поканата на Флик. Хрватскиот фудбалер за Барселона одигра 333 натпревари со освоени 13 трофеи, од кои еден во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.

Се вчитува...