Шпанците со една екстра-четвртина до победа

Шпанската кошаркарска репрезентација триумфално го почна настапот на ОИ во Токио, откако без многу мака ја совлада домашната селекција на Јапонија со резултат 88-77.

Квалитетот и искуството на „црвената фурија“ беа пресуден фактор за уште во првото полувреме да биде скршен отпорот на Јапонците. Поточно, една екстра четвртина беше доволна за да се стигне до победата, онаа втората што шпанскиот состав ја доби со 30-14 и стигне до предност што беше недостижна за домаќините во остатокот од мечот. Јапонските кошаркари одиграа одлично во нападот во третата четвртина постигнувајќи 28 поени (28-21), но тоа не беше доволно за посериозен камбек, последните десет минути минаа во израмнета битка и Шпанците на крајот заслужено триумфираа со конечни 88-77.

Хачимура постигна 20 поени за Јапонија, еден помалку имаше Ватанабе, додека во победничкиот табор најефикасни беа Рубио со 20 и Клавер со 13 реализирани поени.

Во второто коло од оваа група Шпанија ќе се сретне со Аргентина, додека Јапонија за противник ќе ја има Словенија.

Се вчитува...