Шпанците со Гасол ќе атакуваат на злато на ЛОИ (ФОТО)

Светскиот првак Шпанија на Летните олимписки игри во Токио ќе настапи со најсилен состав со што избраниците на Серхио Скориоло повторно ќе бидат во игра за златниот медал.

Црвената фурија во Токио ќе настапи со: Пау Гасол, Руди Фернандез, Серхио Родригез, Рики Рубио, Виктор Клавер, Марк Гасол, Вили Хернангомез, Усман Гаруба, Алберо Абалде, Алекс Абринес, Серхио Љуљ и Хуначо Хернангомез.

Противници на Шпанија во групната фаза покрај домаќинот Јапонија ќе бидат Аргентина и Словенија.

Се вчитува...