Дрон кој влетал на тренинг сесијата на Јужна Кореја на Мундијалот, бил успешно соборен од мексиканската војска, јави јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Инцидентот се случил за време на затворениот тренинг на репрезентацијата во Мексико. За време на загревањето, службеник за обезбедување забележал дрон над базата, и ги известил мексиканските власти, кои подоцна го собориле.
Според Корејската фудбалска асоцијација (KFA), соборениот дрон бил пронајден од двајца мажи кои наводно го лансирале и избегале од местото на настанот пред мексиканските власти да можат да ги уапсат. Фудбалската федеарација на Јужна Кореја контактирала со локалната полиција, а исто така ја известила и ФИФА за инцидентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
