Шрусбери се избори за нов дуел со Ливерпул во ФА купот на Англија

Нисколигашот Шрусбери одигра 2-2 против европскиот првак и лидер на табелата во Премиер – лигата, тимот на Ливерпул во четвртата рунда од ФА купот на Англија и се избори за нов меч што ќе се игра на „Енфилд Роуд“ на 4.февруари.

Ливерпул имаше водство од 0-2, со голот на Куртос Џонс и автоголот на Доналд Лав, но Шрусбери не се откажа и успеа да стигне до израмнување. Намали Џејсон Камингс од пенал во 65.минута, а истиот фудбалер десет минути подоцна постигна и израмнувачки погодок.

Во завршницата Јирген Клоп ги внесе во игра и Мохамед Салах и Роберто Фирмино, но Ливерпул не успеа да постигне победнички гол.

Се вчитува...