Штербик и Циндриќ, кандидати за ракометар на годината на ЕХФ

Вардар како актуелен европски првак има двајца кандидати на скратениот список на ЕХФ за најдобар европски ракометар за 2017 година. Голманот Арпад Штербик и средниот бек Лука Циндриќ се меѓу најсериозните кандидати за големото признание откако со „црвено-црните“ приредија сензација стигнувајќи до европскиот трон. Штербик беше избран за МВП на финалниот турнир, додека Циндриќ играше извонредно цела сезона, воедно постигнувајќи го и голот за победа на полуфиналето против Барселона.

Гласањето ќе трае до 7 јануари, а покрај двајцата „вардарци“, во игра за наградата се уште и Момир Илиќ и Мате Лекаи од Веспрем, потоа Сандер Сагосен од ПСЖ, Хулен Агинагалде од Кјелце, Гонзало Перез де Варгас од Барселона и изненадувачки, Антон Халбек од екипата на Јиштад од Шведска.

Се вчитува...