Штерјовски револтиран по пелагониското дерби: Штета што вакви дуели судат корумпирани судии!

Револт и разочарување владее во таборот на Победа по вчерашниот пораз во пелагониското дерби на гостувањето против Пелистер во Битола.

Победа третпат е поразена во дуелите со Пелистер оваа сезона, но овој пат според шефот на стручниот штаб, Зоран Штерјовски голем дел од вината носат судиите….

„Штета што вакви натпревари ги судат судии кои се корумпирани и го уништуваат фудбалот. Што да се каже…Гол примен од чиста офсајд ситуација, недосуден чист пенал за нас а на толку многу прекини и 6 замени четвртиот судија не покажа дека ќе има продолжение на загубено време на крајот на второто полувреме, а во првото имаше 3 минути прдолжение. Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал за доброто на сите нас. Честитки до моите фудбалери“ – вели Штерјовски по дуелот во Битола.

Разочарувањето не го крие и голманот Давор Талески кој за првпат ја носеше капитенската лента…

„На овој меч имав мотив плус да ја зачувам мојата мрежа бидејќи ми се оствари еден детски сон, бев привилегиран да ја носам капитенската лента, но ете нема да го памтам по добро првиот наптревар како капитен. Многу сме разочарани од денешниот натпревар. Навистина разочарувачки е кога го даваш максимумот на теренот а победникот ќе го одлучи некој друг фактор. Првото полувреме не искористивме неколку полушанси и има за што да жалиме. Во второто полувреме повеќе се фокусиравме да го одбраниме нашиот гол но на крај примивме гол од чист офсајд. Исто така морам да кажам дека судијата не го продолжи натпреварот во кој што минимум требаше да има 4 минути. Навистина фрустирачки е да се загуби на таков начин едно вакво дерби…“ – вели Талевски и дополнува:

davor taleski

„Би упатил апел до нашите навивачи „Мајмуните“ кои не бодрат на секој натпревар да продолжат да не бодрат до крај затоа што со нив е многу полесно а ние ќе се потрудиме да дадеме максимум и не само да не ги разочараме туку напротив да им понудиме моменти на радост. Затоа сите оние кои навистина ја сакаат Победа треба да бидат со нас до крај на ова првенство бидејќи ни преостануваат 8 пеколни натпревари во кои ни треба поддршка. Сите фудбалери знаеме дека од нас се очекува многу повеќе и токму затоа ни треба позитивна енергија“.

Се вчитува...