Штерјовски: Со поддршка од навивачите можеме до бодови со Шкендија

Шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски пред денешниот дуел со Шкендија од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига, верува дека неговиот тим може на домашен терен во Прилеп да одигра квалитетен дуел преку кој ќе се стигне до посакувани бодови во трката за опстанок.

„Не треба да се трошат зборови за екипата на Шкендија која според мене игра најатрактивен фудбал во нашава лига. Во своите редови има поединци кои заслужуваат внимание, како што се Ибраими, Хасани, Абдурахими, Радески… Но, ние играме на домашен терен каде публиката е не само 12-ти туку и 13-ти наш играч. Доколку пристапот ни е идентичен како на натпреварот со Сиилекс тогаш можеме да сметаме на позитивен резултат. Мислам дека на овој натпревар треба да го искористиме домашниот терен и да бидеме рационални во шансите кои ќе ни се укажат. Треба да искористиме барем една од нив бидејќи знаеме дека против вака квалитетни екипи тешко се создаваат шанси“ – вели Штерјовски.

Победа е на солидно бодовна разлика во однос на најголемиот конкурент во битката за опстанок, Брегалница. Но, за прилепчани секој бод е повеќе од значаен, затоа е желбата да се стигне до позитивен резултат и на денешниот дуел со Шкендија.

ДВОЈКИ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Се вчитува...