Штипјани ја почувствуваа и свежината на Охридското езеро, Здравков и со тимбилдинг активности за екипата (ФОТО)

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков им овозможи на своите фудбалери и мигови за релаксација за време на подготовките во Охрид пред продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани деновиве реализираа и малку поинакви тренинг активности. Покрај стандардните фитнес-вежби, овој пат и одржување на „формата“ и со кошаркар, а ја почувствуваа и февруарската свежина на Охридското езеро.

Сето тоа во очекување и на последниот пријателски натпревар во оваа фаза, против битолски Пелистер кој треба утре да се одигра во Струга.

Тимот беше и во посета на најпознататата туристичка атракција на охридското крајбрежје, манастирскиот комплекс Свети Наум.

Се вчитува...