Што е следно за Вардар: Загреб, Спортинг или Динамо Букурешт?

Вардар е на добар пат да обезбеди ново европско четвртфинале без разлика кој ривал ќе го добие во следната рунда, со оглед на фактот дека сите потенцијални противници квалитатитно заостануваат зад шампионот на Македонија. На едно коло до крајот на групната фаза Вардар се наоѓа на третото место во далеку посилната група А, во која македонскиот првак има еден бод помалку од второпласираниот Веспрем.

„Црвено-црните“ во последното коло мораат да го победат на домашен терен Монпелје, а потоа и да очекуваат услуга од Кјелце, полскиот првак да победи на својот домашен меч против Веспрем, за „вардарци“ да го прескокнат унгарскиот гигант на втората позиција. Тоа би им го донело за противник подобриот од двомечот меѓу Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт, од кој првата средба веќе со одигра во Португалија, со минимална победа на домашниот тим од 32-31.

Дури и доколку не успее да стигне до второто место, Вардар сепак не би требало да има тешка задача во осминафиналето, каде ќе се сретне со шестопласираниот тим од групата Б. По денешниот триумф на Мотор над Скјерн и поразот на Загреб од Фленсбург, сега хрватскиот тим е шестопласиран во оваа група и потенцијален ривал на скопските „црвено-црни“. За Загреб да го прескокне Мотор потребно ќе биде чуди во последното коло, со оглед на фактот дека Хрватите ќе му гостуваат на Пик Сегед.

ГРУПА А: Барселона 20 (меч помалку), Веспрем 18, Вардар 17, Кјелце 14, Рајн-Некар Левен 14, Мешков Брест 7, Монпелје 7 (меч помалку), Кристијанштад 5.

ГРУПА Б: ПСЖ 24, Пик Сегед 19, Фленсбург 14, Нант 13, Мотор 11, Загреб 10, Целје 7, Скјерн 6.

Се вчитува...