Што го чека Меси: Поплавен терен на стадион каде Аргентина не победила 16 години

Аргентина веќе нема никакво право на грешка, „гаучосите“ мораат да одат на победа ако сакаат да бидат дел од мундијалот во Русија, но задачата пред нив не е нималку лесна.

Меси и соиграчите постигнаа само еден гол на последните четири средби, а згора на тоа за ривал рано утринава (1.30 часот) ќе го имаат теренот за игра, кој е далеку од идеален по поројните дождови кои паѓаа во Квито во последните два дена.

Добра вест за „гаучосите“ е што Еквадор претрпе пет порази во низа и нема никакви шанси за СП, згора на тоа ќе биде без помошта на капитенот Антонио Валенсија, но мора да се земе во предвид и традицијата која вели дека Аргентина е без победа во Квито во последните 16 години. „Гаучосите“ последен пат се радувале во август 2001 година, кога триумфирале со 0-2 со головите на Верон и на Креспо, успех што Меси и „компанија“ ќе мора да го повторат, за да не се случи национална трагедија – претстојното Светско Првенств да мине без Аргентина.

Се вчитува...