Што им кажа Зидан на „кралевите“: Вие знаете како се освојува ЛШ!

Европскиот првак Реал Мадрид има историска шанса да биде првиот клуб што ќе успее да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите. Вечерва на стадионот „Милениум“ во Кардиф, „кралевите“ можат да отпочнат нова ера во елитното европско натпреварување и да стават крај на ’малерот’ кој вели дека тимот што лани ја освоил титулата, нема шанси да ја одбрани една година подоцна.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, напротив, бара од своите фудбалери да се потсетат како тоа го направија изминатата сезона.

„Финалето е важно, но многу важно е и дека успеавме да стигнеме до тука. Сега е прашање на инстинкт, а вие сте шампиони. Го имате тоа во себе. Потсетете се како го освоивте трофејот минатата година, сега треба само да го повториме. Два пати ја имате освоено ЛШ, токму овој ист тим, и знам дека ќе славиме и вечерва против Јувентус“, им порача Зинедин Зидан на своите фудбалери, во пресрет на вечерашното големо финале.

Се вчитува...