Што кажа Жозе Мурињо за Манчестер Јунајтед во 2019 година?

Манчестер Јунајтед во последните години никако не може да фати ритам и да се вклучи во битката за титулата во Премиерлигата. Екипата во последните девет години не знае за титула, а најголемиот успех го имаше под водство на Жозе Мурињо, кога екипата завши како второпласирана.

Портуталецот од 2016 до 2018 година беше на клупата на Јунајтед, и тврди дека второто место со овој тим му е еден од најголемите успеси во кариерата, изјава на која сите му се смееја.

Во 2019 година Мурињо даде интересна изјава, но никогаш не кажа што се случува во клубот.

„Еден од моите најголеми успеси во кариерата ми е второто место со Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. Го кажувам ова затоа што луѓето не знаат што се случува со клубот „позади сцената“, рече тогаш Мурињо. 

Манчестер со Мурињо на клупата во сезоната 2017/2018 заврши како второпласиран. Претходно тимот го освои трофејот во Лигата на Европа, но и тоа не беше доволно, со што на 18. декември 2018 година доби отказ од клупата на Јунајтед.

Се вчитува...