Што ќе биде со фудбалерите кои се на позајмица? Одговорот го има Манчестер Јунајтед

Големо прашање е што ќе биде со фудбалерите кои од 30 јуни остануваат без договор во клубовите, бидејќи и повеќе од извесно е дека поради пандемијата од Covid-19 сезоните во фудбалските лиги во Европа ќе продолжат и по овој датум. Најверојатно договорите ќе бидат продолжени за месец или два, а потоа по завршувањето на сезоната тие ќе имаат право да бараат нов клуб.

Истото прашање се поставува и за фудбалерите кои се на позајмица, таа е во важност до истиот датум, а судбината на фудбалерите е во рацете на матичните клубови. Манчестер Јунајтед одлучи да биде фер и коректен и се согласи да ја продолжи позајмицата на младиот голман Дин Хендерсон во Шефилд Јунајтед. Иако од Шефилд стравуваа дека Јунајтед може да го врати 23-годишникот во своите редови, сепак од клубот направија „џентлеменски“ потег со кој му дозволија да остане во Шефилд до крајот на тековниот шампионат.

Хендерсон годинава десетпати ја сочува празна мрежата на Шефилд Јунајтед и е еден од најзаслужните за одличната сезона на повратникот во Премиер-лигата.

Се вчитува...