Што му требаше на Артета, да го лути Манчестер Сити

Манчестер Сити го декласираше Арсенал со 5-0 на отворањето на третото премиерлигашко коло, како одговор на оптимистичките најави на Микел Артета дека „топчиите“ ќе патуваат на „Етихад“ за да го победат актуелниот првак.

Изјавата на Артета делуваше мотивирачки за изрбаниците на Пеп Гвардиола кои го декласираа противникот, оставајќи го Арсенал  без постигнат гол по првите три премиерлигашки кола. Мечот беше решен во првите десетина минути, во кои Сити набрзина повее со 2-0, најпрвин Гундоган погоди со глава по очајното позиционирање на гостинските дефанзивци, а потоа Феран Торес од непосредна лбизина ја затресе мрежата на „топчиите“.

Истфрустрираните гости останаа со играч помалку по исклучувањето на Гранит Џака во првото полувреме, по што Гарбиел Жезус стрелаше прецизно за водство од 3-0, резултат со кој се замина на одмор. Родри зголеми на 4-0 на почетокот од вториот дел, а по неколкуте неискористени шанси Сити пред крајот го постигна и петтиот погодок, втор за Феран Торес на оваа средба.

Поразот можеше да биде уште поубедлив доколку Арсенал на голот го немаше голманот Лено, кој во последните минути имаше уште неколку одбранети зицери.

Се вчитува...