Што направи Леброн на дебито за Лејкерси? (ВИДЕО)

Леброн Џејмс на мечот против Портланд ги запиша првите официјални минути во дресот на ЛА Лејкерс.

„Кралот“ одигра одличен натпревар, постигнувајќи 26 поени а дополнети со 12 скока и шест асистенции, но тоа не беше доволно за дебитанскиот настап да го круниса со победа.

Пред Лејкерси во недела е нов тежок предизвик. Во првиот меч сезонава во „Стејплс центарот“ ќе го пречекаат еден од фаворитите за шампионската круна сезонава, Хјустон рокетс. Тука Леброн ќе треба да ја бара новата новата можност за првата победа за „езерџиите“…

Се вчитува...