Што направи Меси со подарокот од неговата најголема обожавателка… (ВИДЕО)

Лионел Меси ги воодушеви своите фанови со еден едноставен но, голем потег. Аргентинската ѕвезда доби подарок од една обожавателка и од него направи амајлија…

Аргентина не го почна најдобро годинашното Светско првенство во Русија, но со победата на последниот натпревар од групната фаза, Аргентинците сепак, успеаја да се пласираат во осминафиналето. И видеото на Меси со еден од аргентинските новинари стана хит на интернет.

Приказната почна по натпреварот со Исланд кој заврши без победник, а новинарот во микс-зоната на Меси му подари црвена лента од неговата мајка, која како што му рече е негов голем фан и го сака повеќе и отколку него. Меси ја зеде лентата и не рече ништо.

По натпреварот со Нигерија кога Аргентина обезбеди осминафинале, Меси во микс-зоната повторно се сретна со „стариот познанинк“. Новинарот го праша дали се сеќава дека му подарил црвена лента. На изненадување на сите, Меси ја подигна ногата и му ја покажа заврзана црвената лента испратена од мајка му, а потоа заврши во прегратката на воодушевениот новинар.

Среќната лента можеби ќе остане на ногата на Меси и во осминафиналето во кое Аргентина ја очекува дуел со Франција.

Се вчитува...