Што се случува? „Дрим-тимот“ посрамотен и од Австралија (ВИДЕО)

„Дрим-тимот“ на Соединетите американски држави го доживеа и вториот пораз во контролните натпревари пресрет ЛОИ во Токио, овој пат од Австралија со 91-83.

Работите да бидат полоши ова им е прв пат од 1992 година да претрпат два порази во низа во подготвителните мечеви.

Пети Милс со 22 и Џо Инглс со 17 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај САД Демијен Лилард уфрли 22, а Кевин Дурант 17 поени.

 

Се вчитува...