Што се случува меѓу Червар и Циндриќ? Зошто не игра најдобриот хрватски ракометар!?

И покрај убедливиот старт на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска, хрватската ракометна јавност е оптоварена од една тема која воопшто не изгледа наивна, и покрај желбата од таборот на хрватската селекција сето тоа да се релативизира. Зошто не игра најдобриот хрватски ракометар Лука Циндриќ?

Циндриќ не одигра ниту една минута на натпреварите против Јапонија и против Македонија. Интересно, по дуелот со Јапонците, Циндриќ за хрватските медиуми кратко изјави:

„Прашајте го селекторот зошто не играм“.

Сето тоа за Хрватите значеше аларм дека нешто не е како што треба на релација Лино Червар – Лука Циндриќ.

Хрватскиот ракометар, пак, синоќа по дуелот со Македонија изјави дека има мали проблеми со повреда и затоа не игра, но дека делуваат и како раштиман оркестар со изјавите потврди Червар кој, пак, на прес-конференцијата истакна дека немало потреба да игра Циндриќ притоа не спомнувајќи никаква повреда.

„Циндриќ не играше затоа што бевме одлични и немаше потреба да игра“ – одговори Червар.

Но, и покрај обидите за ублажување на ситуацијата, за директните следачи на хрватската репрезентација во Минхен јасно е дека има некаков проблем меѓу нив двајцата.

Се вчитува...